Top Sport

Анчелоти ќе ја води Италија

Италијанската фудбалска федерација наскоро ќе го назначи Карло Анчелоти за селектор на националниот тим, пренесува „Кориере дело спорт“.

Искусниот тренер во понеделникот имал состанок со челниците на Федерацијата, Роберто Фабричини и Алесандро Костакурта. Весникот пренесува дека за да биде официјализирана соработката треба уште само да се „испеглаат“ финансиските детали од договорот.

Италијанската фудбалска федерација има ограничени сретства што може да му ги понуди на селекторот. Платата на Анчелоти ќе изнесува пет милиони евра годишно, што е значително помалку од она што тренерот го заработуваше во минхенски Баерн.

За да го реши овој проблем Костакурта му предложил на Анчелоти тој самиот да го одреди стручниот штаб. Се очекува во него да бидат неговиот син Давиде Анчелоти и еден од неговите поранешни фудбалери Андреа Пирло и Масимо Амброзини.

Анчелоти во кариерата работел во Реџана, Парма, Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Реал Мадрид и Баерн.

Scroll to Top