Top Sport

Анчелоти: Клоп верува дека Ливерпул-Атлетико беше „криминален“ меч

Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти вели дека неговиот ривал од Ливерпул, Јирген Клоп смета дека било „криминал“ што било дозволено да се одигра меч со Атлетико Мадрид на „Енфилд“.

Ливерпул беа елиминирани од ЛШ во тој меч по 2:3 пораз во продолжението, што беше последен меч за „црвените“ по суспензијата на фудбалот поради корона вирусот.

„Зборував со Клоп пред неколку дена и тој ми кажа дека одлуката да се одигра Ливерпул-Атлетико беше криминална и се согласувам со него. Живееме живот на кој не сме навикнати и тоа ќе не смени целосно. Ќе мораме да мислиме поинаку, почнувајќи од фудбалот“, вели Анчелоти во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Тој очекува драстични промени во фудбалот поради економските последици.

„Слушнав за намалување плати, суспензија на исплати, но тоа не е вистинско решение. Наскоро и економијата ќе се смени на сите нивоа, ќе има помалку пари од ТВ-правата, фудбалерите и тренерите ќе заработуваат помалку, а билетите ќе чинат помалку бидејќи едноставно сите ќе имаат помалку пари. Но, сега е важно да се победи вирусот. Кога ќе бидеме способни да имаме фудбал, ќе имаме“, вели Анчелоти.

Scroll to Top