Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти призна дека уште се смета за „евертонијан“ пред финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул.
Двата тима ќе се сретнат во Париз на 28 мај, четири години откако Реал Мадрид ги совлада Ливерпу во Киев за рекордната 13. титула од ЛШ, по што Мохамед Салах најави дека има „сметки за порамнување“ со кралскиот клуб.
Но, Анчелоти смирено одговори на предизвикот од Салах.
„Среќен сум што сме во финале и ќе играме против голем тим, Ливерпул. Во мојата лична историја, имам многу мечеви против Ливерпул. Во 1984 година како фудбалер, во 2005 и 2007 со Милан, сега повторно одиме нанив. Живеев во Ливерпул две години и за мене ова е како дерби, бидејќи уште сум навивач на Евертон“, вели Анчелоти.
Италијанецот беше на чело на клубот од „Гудисон парк“ од декември 2019 до јуни 2021, пред да се врати во Реал.