Top Sport

Анчелоти на „Гудисон“ ќе донесе играч на Наполи?

Карло Анчелоти побарал од своите нови газди да се обидат во јануарскиот преоден рок да му го донесат во Евертон Лоренцо Инсиње.

28 годишниот италијански репрезентативец сезонава не блеска во дресот на Наполи, а неодамна го предводеше бојкотот против претседателот Аурелио Де Лаурентис, поради што е парично казнет со 350.000 евра.

Токму оваа ситуација ќе се обиде да ја искористи Анчелоти за да го убеди првиот човек на Наполи да го продаде својот капитен. Инсиње во летниот преоден рок се поврзуваше со неколку клубови, но тогаш Де Лаурентис ги одби сите понуди.

Вредноста на Инсиње според порталот „Трасфермаркт“ изнесува 60 милиони евра.

Scroll to Top