Top Sport

Анчелоти не жали по елиминацијата: Сити се најдобриот тим на светот

Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти го прифати поразот од Манчестер сити со 2:0 во финишот на пресметката во четврт-финалето на ФА купот, оценувајќи ги ривалите како „најдобар тим на светот“.

„Карамелите“ успеаја да ги заддржат Сити без гол повеќе од 80 минути, но Илкај Гундоган и Кевин де Брујне осигураа тимот на Пеп Гвардиола да остане во лов на четири трофеи оваа сезона.

„Бевме блиску, завршивме добра работа и го дадовме максимумот. Се браневме добро барем 80 минути и имавме контрола на мечот. Но, јас сум задоволен бидејќи бевме победени од најдобриот тим на светот. Сакавме да им создадеме проблеми и не дозволивме многу простор. Но, тие ја имаат најдобрата клупа на светот и немаме за што да жалиме. Имаме уште 10 меча во лигата и ќе се бориме за Европа“, вели Анчелоти.

Scroll to Top