Top Sport

Анчелоти: Не знам како „измислија“ пенал за Џирона

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше бесен по 1:1 ремито со Џирона, велејќи дека Џирона добила „подарок“ пенал само 10 минути по голот на Винисиус Жуниор, кога проценија дека Марко Асенсио играше со рака во шестнаесетникот.

Кристијан Стуани беше сигурен од белата точка, по што на Родриго му беше поништен гол поради фаул над голманот Пауло Газанига, за Реал да сврзе два меча без победа по првиот пораз во новата сезона од 3:2 од РБ Лајпциг во Лигата на шампиони.

„Вообичаено не сакам да зборувам за овие работи, но денеска ќе зборувам. Првата ситуација беше јасна. Асенсио не ја допре топката со раката, зборував со него и тој ми кажа дека одигра со гради. Неговата лева рака беше в необична позиција и да ја допреше топката немаше да има сомнежи. Го измислија тој пенал. За втората ситуација можее да се зборува. Голманот немаше контрола на топката и можеме да дискутираме за тоа. Но, пеналот навистина ме изненади“, вели Анчелоти.

Голманот Тибо Куртоа се согласува.

„Марко вели дека топката го удри по гради па по рака. Во теорија во таков случај не се работи за игра со рака. Да бевме во Лигата на шампините немаше да го досудат“, вели Куртоа.

Scroll to Top