Top Sport

Анчелоти одговори на шпекулациите за Бразил: Останувам во Реал Мадрид

Карло Анчелоти се обиде да стави крај на шпекулациите за заминување од Реал Мадрид во 2023/24 за да ја преземе бразилската репрезентација.

Договорот на Анчелоти со Реал Мадрид завршува на крајот на сезоната, и шпекулациите во шпанските и бразилските медиуми тврдеа дека тој сигурно по крајот на сзоната ќе замине во Бразил, но сега во интервју за „Атлетик“, тој отфрла дека има било каква одлука и дека ќе почека да заврши сезоната.

„Никогаш нема да зборувам за Бразил или за тоа што може да се случи. Јас сум тренер на Реал Мадрид и останувам тука. Нема да одговарам веќе на овие прашања. Имам договор и ќе го исполнам. Дали ќе го продолжам договорот? Не се брзам. Имам целосна доверба во мојот клуб и ќе видиме што ќе се случи ова сезона“, вели Италијанецот.

Scroll to Top