Наполи би биле „идиоти“ ако не успеат да се квалификуваат во осминафиналето на Лигата на шампионите, вели нивниот тренер Карло Анчелоти пред дуелот со Црвена звезда на „Сан Паоло“ во среда.
Минатогодишните италијански вице-шампиони ќе бидат сигурни патници меѓу најдобрите 16 ако ја победат Звезда дома, а Пари Сен-Жермен не успее да ги победи Ливерпул.
„Групата изгледаше речиси невозможно на стартот, но сега сме во многу добра позиција. Имаме испечено убава торта, и сега треба само да го ставиме шлагот. Ако не поминеме, е тогаш сме вистински идиоти“, изјави Анчелоти.
Сепак, ова не значи дека Анчелоти ја потценува Звезда.
„Тие ги зголемија своите шанси за пласман, имаат одлична одбрана и ќе се обидат да ги искористат шансите во против-нападот. Нема да мислиме на мечот на ПСЖ, туку само на нашиот“, вели Анчелоти.