Top Sport

Анчелоти во Реал ќе заработува 2 милиони евра помалку отколку во Евертон?

Според „Скај спорт“, Карло Анчелоти се согласил да добива помала плата, но не можел да ја одбие понудата да се врати на клупата на Реал Мадрид, прекинувајќи го договорот со Евертон.

Италијанскиот стручњак потпиша договор до јуни 2024 со „кралскиот“ клуб со кој во 2014 година ја освои „десима“, славната 10-та титула од Лигата на шампионите. Меѓутоа, работата во најуспешниот европски клуб во историјата не значи и зголемување на платата.

Во Евертон, 61-годишниот Анчелоти добивал 8 милиони евра по сезона, додека на „Сантијаго Бернабеу“ ќе добива „само“ 6 милиони евра.

Во неговата колекција недостасува само една лигашка титула од топ 5 лигите, таа во Шпанија, откако победи во Серија А (Милан), Премиер лигата (Челси), Лига 1 (ПСЖ) и во Бундеслигата (Баерн Минхен).

Scroll to Top