Top Sport

Анчелоти задоволен како Ридигер го стопираше Халанд

Карло Анчелоти вели дека е целосно задоволен од дефанзивнатаа игра на Реал Мадрид, иако не е целосно задоволен од 1:1 ремито со Манчестер сити во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите, додавајќи дека иако гостите го имаа поседот на топката, смета дека ја контролирале играта.

„Интересен меч. Тежок за нас во првото полувреме, но во второто бевме многу подобри и ја контролиравме играта. Кога тие имаа голем посед на топката, дефанзивно ја имавме контролата, а потоа кога игравме офанзивно им создадовме многу проблеми. Тимот играше добро, гоот на Винисиус беше фантастичен, така што сум задоволен. Дефанзивно бевме многу добри. Антонио Ридигер беше одличен против Халанд, а средината ја имаше контролата. Мотивирани сме за реваншот“, вели Анчелоти.

Scroll to Top