Тренерот на Наполи, Карло Анчелоту во својата кариера работеше со ѕвездите во Милан, Челси, ПСЖ, Реал Мадрид и Баерн Минхен, но признава дека само Зинедин Зидан како фудбалер на Јувентус ја сменил неговата претстава за фудбалот.
Во опширно интервју со „Кориере дело спорт“, Анчелоти зборуваше за својата тактика, за учеството во „Гранде Милан“ тимот под Ариго Саки, од кого ја научи основната 4-4-2 стратегија, но вели дека само Зидан го натерал да го смени мислењето.
„Зидан во Јувентус ја смени мојата идеја за фудбалот. Ги сопрев Парма да потпишат со Роберто Баџо, кој иако беше еден од најголемите таленти во италијанската фудбалска историја, за мене не беше потребен бидејќи ги имав Енрико Киеза и Ернан Креспо. Имав стил на фудбал со кој фудбалерите се поставени во својата ’кутија’, и немаше место за треквариста, како што бараше Роберто. Да дојдеше откако Зидан ми ја смени кариерата, ќе работев со него. Зидан трансформираше сѐ“, вели Анчелоти.
Тој исто така е јасен за својот најголем успех во кариерата.
„Осумте години во Милан се пред сѐ друго, но ако зборуваме за другите позиции, тогаш би кажал Мадрид. Реал Мадрид е Реал Мадрид и сите тренери на светот сакаат да работат со таков клуб“, додава Анчелоти.