Белгискиот гигант Андерлехт објави дека го отпушти помошникот тренер Пер Зетерберг поради економските проблеми поради корона вирусот, и покрај тоа што тој е легенда на клубот и има одиграно над 300 меча во Брисел.
„Професионалниот фудбал, како и сите бизниси, се соочуваат со голем предизвик поради КОВИД-19 вирусот кој има екстремно економско влијание на клубот. Затоа на кратки патеки е подобро да се заштитиме од големи загуби додека трае кризата“, се вели во соопштението на клубот.