Top Sport

Андерлехт побара фудбалерите да се откажат од една плата

Белгискиот гигант Андерлехт побара од своите фудбалери да „прескокнат“ една плата за да зачуваат 2 милиони евра во ситуација на прекината лига поради корона вирусот.

Претходно, Андерлехт суспендираше повеќе договори на членови на тимот, а вчера го отпуштија и помошникот тренер Пер Зетерберг, а сега извршниот директор Карел ван Етвелт вели дека следни на листата се фудбалерите.

„Размислувавме да ги суспендираме договорите, но тоа беше ризичен потег, и затоа побаравме да вратат дел од платата. Има чувство на солидарност во тимот и мислам дека тие сфаќаат колку е ургентна ситуацијата“, вели Ван Етвелт.

Клубот од Брисел е најуспешниот белгиски клуб во историјата со рекордни 34 домашни титули и со трофеи од Европскиот Куп на победници купови и УЕФА куп.

Андерлехт ја отпуштија клупската легенда за да заштедат во „кризното“ време

Scroll to Top