Top Sport

Андерсон: Германците славеа без стил

Шведскиот селектор Јане Андерсон, нормално беше разочаран од поразот од Германија од 2:1 со гол во 95. минута, но вели дека навистина го налутило славењето на фудбалерите кои трчале кон клупата на Шведска.

„Некои од германските лидери на тимот славеа со тоа што трчаа кон нас и правеа гестови кои навистина ме налутија. Имаше доста луѓе на клупата кои беа лути. Се боревме 95 минути и по крајот на мечот се ракуваш и си одиш. Не правиш такви работи. Славиш кога победуваш, ги оставаш противниците да бидат тажни, а не реагираш така“, вели Андерсон.

Германскиот селектор Јоаким Лев вели дека не видел такво нешто.

„Кој правеше гестови? Јас? Не видов такво нешто бидејќи по крајот на мечот се концентрирав на други работи. Славев. Не видов агресија“, вели Лев.

Scroll to Top