Селекторот на женската американска репрезентација, Македонецот Влатко Андоновски им порача на ветеранките во неговиот тим, Алекс Морган и Меган Рапино да го „кренат“ своето ниво на игра, откако не беа вклучени во Шибиливс купот.
Андоновски порача дека сентименталноста нема да има улога во неговиот избор пред Светското првенство следното лето, исклучувајќи ги покрај Морган и Рапино и Кристен Прес и Тобин Хит од составот.
„Сите тие се многу добри фудбалерки. Сите го знаеме тоа. Направија многу за овој тим и освоија речиси се. Но, во моментов мислам дека треба да се даде шанса на други девојки. Тоа не значи дека тие не направиле многу во минатото, но никој нема да добие место во тимот за нешто што го направил пред година-две. Затоа Миа Хам веќе не е во тимот, нели? Мораат да ги кренат перформансите, да играат и да покажат дека вредат за репрезентацијата“, вели Андоновски.