Top Sport

Андре Силва се враќа во Шпанија, сега во Валенсија

Португалскиот фудбалски напаѓач, Андре Силва наскоро би требало да биде претставен како нов играч на Валенсија, пренесуваат италијанските медиуми.

Во фудбалерот на Милан управата на „лилјаците“ гледа одлична замена испразнетото место во нападот на тимот по заминувањето на Родриго Мачадо кој ќе го засили Атлетико Мадрид за трансфер вреден 60 милиони евра.

Силва минатата сезона играше во Примера, во тимот на Севилја, но Андалузијците не сакаа да го откупат комплетниот договор на Португалецот, па 33-годишниот фудбалер се врати во Милан.

Прва опција во нападот на „росонерите“ е Полјакот Кшиштоф Пјонтек, додека негова замена сезонава се очекува да биде младиот Рафаел Леао кој дојде од француски Лил.

Андре Силва со години мака мачи со повредата на коленото, па токму поради таа повреда неодамна пропадна негов трансфер во Монако.

Трансфермарк неговата вредност ја проценува на 22 милиони евра.

Scroll to Top