Македонската фудбалска репрезентација со поразот во Полска остана и без теоретски шанси преку квалификациите да избори пласман на ЕУРО 2020. Синоќа во Варшава Полска победи со 2:0 и на две кола до крајот веќе има пласман на континенталното првенство.
Полјаците заслужено ја победија селекцијата што ја предводи Игор Ангеловски, иако до победата стигнаа во финишот на натпреварот. Играчите што влегоа од клупата за резерви Франковски и Милик го совладаа Димитриевски во 74 и 80 минута.
До крајот на овој циклус Македонија ќе одигра уште два натпревари во ноември, против Австрија во Виена и Израел во Скопје.
„Мечевите со Австрија и Израел ќе ни бидат подготовка за она што не очекува во Лигата на нации“, рекол селекторот Ангеловски по мечот во Варшава.
Плејофот во Д-сегментот од Лигата на нации ќе се одигра во март, Македонија ќе игра пртив Косово, а втората двоја ја формираа Грузија и Белорусија. Победникот ќе избори пласман на Европското првенство наредната година.