Top Sport

Ангеловски и Пандев гласале за играчите на Ливерпул

Селекторот и капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Англевоски и Горан Пандев, по ист редослед гласа во анкетата на ФИФА за избор на фудбалерот на годината. Свечената церемонија на ФИФА се одржа синоќа, а наградата ја однесе Лионел Меси кој зад себе има уште една одлична година, ја освои титулата во Шпанија и постигна 54 гола на 58 одиграни натпревари во сите конкуренции.
Во изборот на ФИФА гласат селекторите и капитените на националните тимови, односно новинарите и навивачите.

Македонскиот селектор Ангеловски и капитенот Пандев немаа дилеми своите гласови и тоа по ист редослед им ги поделија на фудбалерите на европскиот првак Ливерпул. Ангеловски и Пандев гласале за Вирџил Ван Дајк, Садио Мане и Мохамед Салах.

Интересно е да се погледне како гласале капитените и селекторите на репрезентациите од поранешна Југославија. Генерално си се согласуваат дека Меси е најдобар.

Словенија:

селектор Матијаж Кек (Роналдо, Меси, Ван Дајк)
капитен Бојан Јокиќ ((Меси, Роналдо, Салах)

Хрватска:

селектор: Златко Далиќ (Салах, Роналдо, Азар)
капитен: Лука Модриќ (Роналдо, Азар, Меси)

Босна и Херцеговина:

селектор: Роберт Просинечки (Салах, Мбапе, Меси)
капитен: Един Џеко (Меси, Роналдо, Ван Дајк)

Србија:

селектор: Љубиша Тумбаковиќ (Меси, Роналдо, Мбапе)
капитен: Александар Коларов (Меси, Роналдо, Азар)

Црна Гора:

селектор: Фарук Хаџибегиќ (Салах, Роналдо, Азар)
капитен: Стефан Савиќ (Салах, Меси, Ван Дајк)

Косово:

селектор: Шаландес Бернар (Меси, Ван Дајк, Де Лихт)
капитен: Ујкан Самир (Ван Дајк, Салах, Роналдо)

Сите гласови може да ги погледнете ОВДЕ

Scroll to Top