Top Sport

Ангеловски: Немам намера да експериментирам

Ниту едно ново име нема на списокот на селекторот Игор Ангеловски за пријателските натпревари што фудбалската репрезентација ќе ги одигра кон крајот на месецов против Финска и Азербејџан.

Ангеловски повика 19 играчи за дуелите во Анталија, а од оние кои вообичаено добиваа повик на последните неколку акции на националниот тим го нема само голманот Давид Митов Нилсон. Тој поради повреда не е во репрезентацијата.

„Ова се фудбалери во 2017 година беа повикувани и со оглед на нивните игри и резултатите кои ги остваривме, како и нивниот карактер се повикани и за овие два натпревари. Но она што беше во 2017 заврши, а сега пред нас е една исклучително значајна година, пред нас е едно значајно натпреварување, Лига на нации кое ќе започне во септември. За таа цел јас и претходно реков дека немам намера да правам некои поголеми експерименти во репрезентацијата“, рече на прес конференцијата селекторот на Македонија.

Селекторот образложи и зошто во националниот тим ги нема Демири кој две кола по ред е во тимот на колото во украиснкиот шампионат и голгетерот на Шкендија Ибраими.

„Задоволен сум од фудбалерите кои играат на таа позиција не дека не го следам Демири, следам и други фудбалери. Нека продолжи со таква форма, можеби ќе добие шанса на некој од следните натпревари. Важе мислење е дека Бесарт Ибраими е најдобар фудбалер во нашата лига, моето мислење го гледате на списокот. Вие како новинари имате право да мислите дека одредени фудбалери треба да се најдат списокот, но сепај јас сум тој што одлучува кој ќе биде повикан“, рече Ангеловски.

Дуелите со Финска и Азербејџан македонските фудбалери ќе ги одиграат во Анталија, Турција. Првиот собир селекторот го закажа за 18.март во Анталија. Натпреварот со Финска е на 23.март, а четири дена подоцна е дуелот со Азербејџан.

Списокот на Ангеловски за Финска и Азербејџан:

Scroll to Top