Англиските навивачи по сѐ изгледа по убаво ќе се сеќаваат на Севилја, откако „трите лава“ имаат неверојатно водство од 3:0 над Шпанија во пресметката од Лигата на нации.
По домашниот пораз на „Вембли“, очекувањата не беа големи од гостувањето во Андалузија, но зачудувачки, тимот на Герет Саутгејт има 3:0 водство по првите 45 минути.
Толку критикуваниот Рахим Стерлинг постигна два гола, а еден додаде Маркус Рашфорд за шок за шпанските навивачи и селекторот Луис Енрике.
Фото: ЕПА