Top Sport

Англичаните културно се воздигнуваа во „Ермитаж“

Дел од англиската репрезентација, предводена од Џордан Хендерсон и Фабијан Делф реши посетата на Санкт Петербург да ја искористи за посета на вториот најголем музеј на светот, прекрасниот „Ермитаж“.

Двајцата фудбалери поставија неколку фотографии од посетата на спектакуларниот музеј пред неделниот дуел со Панама заедно со Рубен Лофтус-Чик, Гери Кејхил и Ерик Даер.

Музејот „Ермитаж“ е основан во 1764 година од Катерина Велика и таму се наоѓа најголемата колекција на слики на светот распределени меѓу шест историски згради.

Scroll to Top