Top Sport

Англичаните се посрамотија: Бетис не е град!

Англиската фудбалска федерација (ФА) се посрамоти пред пријателскиот меч на Англија и Шпанија, најавувајќи дека дуелот ќе се одржи во градот Бетис.

Мечот, секако, се одвива во Севилја, градот од каде што доаѓа клубот Реал Бетис, меѓутоа некој во федерацијата ги помешал работите.

„Еве го составот на Шпанија за мечот во Бетис за 11 дена“, уште пишува на нивната официјална твитер страница. Шпанска „Марка“ дискретно ги потсети, меѓутоа грешката не е поправена.

Scroll to Top