Англија го пречека светскиот шампион Германија на пријателски натпревар на „Вембли“, меѓутоа стрелците не беа расположени и навивачите си заминаа дома без да видат ниту еден гол. Спротивна слика имаше на „Крал Бадуен“ во Брисел, каде што Белгија и Мексико одиграа супер-интересен меч, кој заврши со одлични 3:3.
Во меч кој се играше еден ден пред британскиот празник Денот на примирјето, со кој се одбележува крајот на Првата светска војна, двете репрезентации на дресовите го имаа афионовото цвеќе, симболот на жртвите од војната.
Иако ова имаше големо значење, случувањата на теренот не го оправдаа епитетот дерби. Герет Саутгејт по низата откажувања од репрезентацијата поради повреди, реши да им даде прва шанса на Лофтус-Крик, Пикфорд и Абрахам во националниот дрес. Сепак, Германците беа поактивни и Лирој Сане имаше одлична шанса кога ја погоди пречката од 20 метри. Англичаните имаа одлични последни 20 минути од играта, меѓутоа не успеаја да го совладаат Тер Штеген.
Во уште еден меч на две репрезентации кои веќе се пласирани во Русија, Белгија и Мексико одиграа 3:3 во меч полн со акција. Ромелу Лукаку и Хирвинг Лозано постигнаа по два гола во Брисел.
Белгискиот капитен Еден Азар го отвори резултатот за тимот на Роберто Мартинез во 17. минута по изблокираниот удар на Лукаку, пред Мексико да израмнат со пеналот на Андрес Гвардадо во 38. минута. По полувремето, Лукаку ги врати Белгијците во водство, пред на сцена да стапи играчот од средниот ред на ПСВ Ајндховен, Лозано со импресивни два гола. На крајот, Лукаку го имаше последниот збор со уште еден одличен гол за израмнување.
Франција против помдладениот тим на Велс стигна до рутинска 2:0 победа, да се зголеми самодовербата во тимот на селекторот Дидие Дешам. Антоан Гризман беше критикуван за слабата форма оваа сезона, но покажа дека не го загубил убиственото чувство со гол во 18. минута, пред Оливие Жиру да зголеми на 2:0 во 78. минута.
ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ
Јужна Кореја – Колумбија 2:1
Кина – Србија 0:2
Јапонија – Бразил 1:3
ОАЕ – Хаити 0:1
Грузија – Кипар 1:0
Украина – Словачка 2:1
Белгија – Мексико 3:3
Полска – Уругвај 0:0
Англија – Германија 0:0
Франција – Велс 2:0
Португалија – Саудиска Арабија