Top Sport

Англија и клубовите влегоа во историјата на ЛШ

Англија и тимовите од оваа земја постигнаа историски резултат во Лигата на шампионите. На почетокот на сезоната во елитното натпреварување Англија влезе со пет тима и сите изборија пласман во нокаут фазата.

Од петте англиски тима, само шампионот Челси не успеа да го освои првото место во својата група.

Манчестер Сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем и Ливерпул ги освоија првите места во своите групи, а покрај нив повластени на ждрепката за осмина-финалето ќе бидат уште Барселона, ПСЖ, Бешикташ, и Рома.

Во вториот „шешир“ на ждрепката покрај Челси ќе бидат и Реал Мадрид, Базел, Баерн Минхен, Јувентус, Севилја, Шахтјор и Порто.

Осмина-финалната ждрепка ќе се одржи в понеделник на 11.декември, а натпреварите ќе се играат на 13 и 14.февруари, односно на 20 и 21.февруари. Осмина-финалните реванши се играат на 6 и 7.март,односно на 13 и 14.март.

Финалето ќе се одигра во Киев на „Олимпискиот стадион“ на 26.мај.

Scroll to Top