Top Sport

Англија сака да го „украде“ Бејли пред Светското првенство

Англиската репрезентација може да добие неочекувано засилување пред Мундијалот, откако јамајчанската ѕвезда на Баер Леверкузен, Леон Бејли, официјално може да настапува за „трите лава“ бидејќи неговите баба и дедо имаат британски пасош.

22-годишниот Бејли, кој има 10 голови за Леверкузен оваа сезона и е на „радарот“ на Манчестер јунајтед, Ливерпул и Тотенхем, е роден на Јамајка, но уште нема настап за националната репрезентација, иако настапуваше за У-23 тимот. Поради неговите корени тој има право да настапува и за Белгија и Малта, но тој јавно никогаш не зборувал за тоа.

Според изворите на „Дејли мирор“, тој е подготвен за настап за Англија доколку селекторот Герет Саутгејт направи официјален разговор со него.

Англија има историја на фудбалери со јамајчанско потекло во тимот, почнувајќи со Џон Барнс, кој е роден во Кингстон, но стана легенд за Англија. Во Кингстон е роден и Рахим Стерлинг, инаку близок пријател на Бејли.

Scroll to Top