Ден по манчестерското дерби, тима во англиските медиуми е напаѓачот на Манчестер јунајтед Ромелу Лукаку. Белгиецот за кого клубот плати 80 и нешто милиони евра во еден од најзначајните натпревари сезонава ја потврди лошата форма. Не успеа да постигне гол, а беше директен виновник за двата гола кој ги постигна Манчестер Сити.
„Мурињо не се осгласува со констатциите и го тврди спротивното, но тој едноставно не работи доволно за тимот. Никој не се жалеше на почетокто на сезоната, но Лукаку досега не ги оправда парите кои се вложени во него. Жалам што морам да кажам но се што прави е за секунда или две пребавно“, рекол легендарниот англиски напаѓач Алан Ширер.
„Разликата помеѓу врвните и добрите напаѓачи е едноставна. Врвниот напаѓач добива една шанса, каква шти имаше Лукаку и постигнува гол. Нема тука филозофија, тоа мора да се претвори во гол. Се надевам дека се чувствува како што се чувствував јас кога ќе прмашев таква шанса. Ме прогонуваше до наредниот натпревар и не можев да се смиран се додека не постигнев гол“, дополнил Ширер.