Top Sport

Англиски шестолигаш има официјален играч на „Фудбал менаџер“

Англискиот шестолигаш Нанитон таун ангажираше човек кој им вети дека ќе ги одведе во Лигата на шампионите. Но, само на видео-играта „Фудбал Менаџер“.

Тимот од Националната лига-север, го ангажираше блогерот Кевин Чепмен како „официјален менаџер во видео-играта“, и тоа (неверојатно) по борба со локалниот ривал Алфретон таун за неговите услуги.

„Ова е лудо. Никогаш претходно не сум зборувал со никого од клубот, а сега сум тука. Објавив видео во кое ги прашав луѓето кој тим треба да го менаџирам, бидејќи сакам да ги одведам до Лигата на шампионите. Избрав тим кој е географски блиску до моето место на живеење и изборот падна на Нанитон или Алфретон. Многу бргу, Нанитон ме контактираа и побараа да бидам нивни играч“, вели 35-годишниот Чепмен.

Иронично, Нанитон по оваа објава, дадоа уште едно соопштение во кое потврдија дека бараат нов менаџер за нивниот вистински тим.

Scroll to Top