Top Sport

Англиски смешки – сопственикот прво се отпушти, а потоа се врати како менаџер

Додека луѓето се восхитуваат на организираноста, квалитетот и парите на клубовите од англиската Премиер лига, во пониските лиги во Англија секогаш има помалку неверојатни приказни.

Билерикеј таун, клуб надвор од првите четири лиги, во саботата загуби од Велдстоун со 5:2 во ФА трофеј натпреварувањето, по што сопственикот Глен Темплин реши сам да се отпушти од позицијата менаџер на тимот, на која е од стартот на сезоната.

„Жал ми е да за сите навивачи на клубот, и во моментов сум засрамен со моите играчи, но и со себе самиот како менаџер. Затоа сега ќе се отпуштам“, напиша Темплин.

Само два дена по поразот, Темплин се предомисли и се врати на позицијата постојан менаџер на клубот.

„По два дена состаноци по саботниот меч, како клуб направивме едногласна одлука Глен Темплин да биде менаџер на клубот до крајот на сезоната“, се вели во соопштението на тимот.

Scroll to Top