Еден од најдобрите англиски фудбалски судии, Боби Медли, неочекувано решил да стави крај на кариерата.
Медли од засега непознати причини се решил на ваков чекор, а веста за неговото повлекување ја потврди и Здружението на професионалните судии.
„Боби Медли повеќе не е дел од оваа организација. Соошшти дека заминува поради лични причини“, соопштија од Здружението.
Англичаните тврдат дека одлуката ја донел откако на социјалните мрежи се појавила виде снимка, на која наводно судијата е во компромитирачка положба со куче.
Медли стана професионален судија во 2013 година. Во Премиер лигата судел 91 натпревар, а минатата сезона беше главен арбитар на мечевите Манчестер јунајтед-Челси и Ливерпул-Арсенал.
Исто така беше главен судија во финалето на „Комјунити шилд“ во 2017 година помеѓу Арсенал и Челси.