Top Sport

Англиските клубови ќе ги бојкотираат социјалните мрежи

Сите клубови во Англија, најавија тридневен бојкот на социјалните мрежи. Сите клубови, од 30.април во 15 часот па до 3.мај во 24 часот, ќе ги бојкотираат Фејсбук, Твитер и Инстаграм.

На клубовите ќе им се приклучат и Здружението на професионалните фудбалери, Здружението на менаџери, Здружението на професионалните судии, Здружението на навивачи.

Целта на бојкотот е уште еднаш да се укажа на злоупотребата на социјалните мрежи и секојдневните закани кои ги добиваат фудбалерите.

Во најавениот период, социјалните мрежи ќе ги бојкотираат и бројни фудбалски легенди.

Scroll to Top