Трансфер-сагата на колумбискиот дефанзивец Јери Мина заврши, откако по Евертон и Манчестер јунајтед се откажа од можноста за трансфер од Барселона, тврди порталот „Гол“.
Колумбиецот бараше трансфер од шпанските шампиони по разочарувачката полу-сезона по пристигнувањето од Палмеирас во јануари, откако Ернесто Валверде му посочи дека не планира многу и во новата сезона. Мина постигна три голови на СП во Русија, каде што конечно, покажа дел од талентот, но Барса веќе се засили со францускиот дефанзивец Клемен Ленгле.
Според „Гол“, Јунајтед ќе се фокусираат до крајот на преодниот рок да го добијат Тоби Алдервирелд од Тотенхем, со што Мина останува без понуди. Англискиот преоден рок завршува на 9 август.