Top Sport

Англиските медиуми сигурни – Мурињо добива отказ идната недела!

Дел од првите луѓе на Манчестер јунајтед веруваат дека Жозе Мурињо може да биде отпуштен веќе од понеделник, тврдат дел од британските медиуми по новиот саботен пораз (3:1 од Вест хем) со што се забележа најлошиот старт на една сезона по 29 години по кој се 9 поени зад лидерите во Премиер лигата.

Според „Дејли мејл“, фудбалерите и тренерите на тимот јавно зборувале за отказот кој му се подготвува на Мурињо при враќањето во Манчестер од Лондон со воз во саботата попладне. Според поранешниот дефанзивец на тимот, Рио Фердинанд работата е дојдена до критична фаза.

„Мислам дека сега ќе треба да се донесат големи одлуки во Манчестер јунајтед. Хиерахријата на тимот и тие го кои го водат, луѓето како Ед Вудвард сигурно разговараат на високо ниво за тоа каде ќе се тргне во моментов. Нема единство во соблекувалната, и мора да има подобрувања“, вели Фердинанд.

Поразот доаѓа во недела во која Јунајтед загуби во третото коло од Карабао купот од второлигашот Дерби каунти и јавниот конфликт на Мурињо со Пол Погба. Пол Сколс, уште еден член на славните генерации на Јунајтед јасно кажа:

„Ова е најверојатно најлошото што сме го виделе од тим на Јунајтед подолго време. Зборуваме за односот пред натпреварите. Нема глад и желба за игра“, вели Сколс.

Вудвард јавно кажа дека нема да се носат „избрзани“ одлуки за иднината на тимот, а бидејќи Јунајтед веќе во вторник навечер игра против Валенсија во Лигата на шампионите, значи дека одлуката може да почека. Но, резултатите се јасни.

Мурињо нема да замине од договорот вреден 15 милиони фунти, а иако од клубот демантираа дека веќе зборувале со Зинедин Зидан, Французинот останува достапен за 20-кратните англиски шампиони. Јасно е дека Мурињо го загуби авторитетот над своите фудбалери, пред се Пол Погба и Антони Марсијал, кои може да му се приклучат на Португалецот на излезната врата.

Scroll to Top