Top Sport

Ањели и Перез со нов проект за фудбалска Суперлига

Европската Суперлига ќе доживее одредени промени, но повторно ќе се појави на сцената со обид да профункционира. Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, треба да го претстави новиот концепт на фудбалската Суперлига за време на Самитот за бизнис и фудбал.

Првичниот проект на Суперлигата со 12 клуба пропадна за 48 часа по критиките од УЕФА и ФИФА, клубовите и навивачите. Андреа Ањели и Флорентино Перез работат на алтернативен план што ќе се разликува од првичниот и ќе биде сличен на Лигата на нации, со испаѓање и влез на екипи во натпреварувањето.

Директно учество во Суперлигата би можеле да добијат 24 клуба, врз основа на резултатите од европските натпреварувања во претходната сезона, со осум клубови кои би се пласирале преку нивните национални лиги. Не е познато кој е критериумот според кој клубовите ќе го добијат учеството од Суперлигата од своите лиги.

Scroll to Top