Top Sport

Ањели одлетал во Грција по потписот на Роналдо

Светските медиуми очекуваат во наредните 48 часа, Кристијано Роналдо, да стане член на Јувентус. Информациите од Италија говорат дека претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, заминал за Грција, каде Португалецот се наоѓа на одмор.

Локални фотографи го снимиле Ањели како со приватен лет заминува за Грција. Кристијано Роналдо се наоѓа во Пилос на островот Пелопонез.

Вработените на аеродромот во Пиза, на новинарите им откриле, дека Ањели се упатил кон Каламата, место што е на 55 километри оддалечено од Пилос.

Според шпекулациите трансферот на Португалецот во Јувентус ќе изнесува 100 милиони евра, а тој ќе добие договор на четири години, вреден 30 милиони евра по сезона.

Scroll to Top