Top Sport

Анкета на „Марка“: Играчите се виновни за лошите резултати на Реал

Највлијателниот шански медиуми „Марка“, преку накета се обиде да „открие“ кој е главниот виновник за прменливите резултати кои сезонава ги бележи Реал Мадрид. Инаку овој медиуми традиционално е наклонет кон „кралскиот клуб“.

Читателите, кои учествувале во анкетата, сметаат дека најголема вина за лошите резултати имаат играчите. 38 отсто од оние што гласале ги посочиле играчите, а 28 отсто се изјасниле дека најголем виновник е тренерот Зинедин Зидан.

Од испитаниците 26 отсто гласале дека во клубот не пристигнале вистински засилувања, во летниот преоден рок.

Иако вината ја бараат кај играчите, дури 65 отсто од оние што учествувале во анкетата сметаат дека Зидан треба да добие отказ доколку Реал не успее да избори пласман во осмина-финалето во Лигата на шампионите.

Scroll to Top