На адреса на инвестициската група Сунинг, во чија сопственост се наоѓа фудбалскиот клуб Интер, од Хонг Конг пристигнала понуда за купување на клупските акции. Весникот „Месаџеро“, тврди дека станува збор за сума од 800 милиони евра.
Непозната инвестициска групација од Хонг Конг до Сунинг веќе ја испратиле втората понуда за купување на Интер. Првата била одбиена, а како што тврди „Месаџеро“, втората ќе ги натера сопствениците ќе теран на размислување дали да го продадат Интер.
Сунинг во 2016 година стана мнозински сопственик на италијанскиот фудбалски великан. За 70 отсто од акциите, Сунинг платиле 260 милиони евра. Преостанатите 30 отсто од акциите ги поседува поранешниот претседател Ерик Тохир.
Две и пол години подоцна Сунинг можат за три пати поголема сума да го продадат клубот.
Семејството Јиндонг, кое ја предводи Сунинг групата, успеа финансиски да го стабилизира Интер, за извршен директор е поставен Џузепе Марота поранешниот трансфер маг на Јувентус, што се потврда за еден долгорочен проект.