Top Sport

Анонимен Русин го повтори летечкиот гол на Ван Перси, тој му честиташе (видео)

Робин ван Перси против Шпанија во 2014 година го постигна својот најпрепознатлив гол, и дефинитивно еден од најдобрите голови во историјата на Светските првенства по што го доби прекарот „Летечки Холанѓанец“.

Тој гол беше дел од 5:1 победата на Холанѓаните, која беше мала одмазда за поразот во финалето на Светското првенство четири години претходно, но сега „копија“ на голот постигна малку познатиот руски фудбалер Дмитриј Барков и доби честитки преку Интернет од самиот РВП.

Барков го копираше голот за неговиот клуб Химки при 3:0 победата над Том Томск, и уште поимпресивно го направи тоа со „вртена топка“.

Кога беше „тагиран“ со прашање: „Ван Перси, дали си ти тоа?“, Холанѓанецот одговори: „Јас не летав повторно, но каков гол!“.

Scroll to Top