Top Sport

Анри: Ако Нејмар сака да излезе од сенката на Меси нека си оди од фудбалот

Нејмар можеби е една од најголемите ѕвезди во фудбалот, но наградата за најдобар на светот мора да оди кај Лионел Меси, вели легендата на францускиот фудбал, Тјери Анри.

Еден од мотивите за трансферот од Барселона во Пари Сен-Жермен за рекордни 222 милиони евра наводно беше желбата да се излезе од сенката на Лео Меси, но Анри вели дека Меси е премногу добар за некој друг да биде избран за најдобар.

„Не знам дали Нејмар замина од Барса за да излезе од сенката на Меси, но слушнавме такви изјави. Фактот е дека сите играчи се во сенка на Меси, и ако Нејмар не го сака тоа, треба да го смени спортот“, изјави Анри за „Марка“.

Нејмар е поврзуван со шокантно враќање во Шпанија, но во тимот на Реал Мадрид, и ако се остварат овие сензационални најави, тој ќе може директно во дуел со Меси да „докаже“ кој е најдобриот.

Scroll to Top