Top Sport

Анри им донесе четврт-финале на Французинките

Домаќините на Светското првенство во фудбал за жени, Франција се пласираа во четврт-финалето, откако по продолженијата со 2:1 беа подобри од Бразил.

ВАР системот, кој предизвика многу котнроверзи на денешниот меч меѓу Англија и Камерун, повторно беше на „дело“ откако им поништи гол на Французинките во првото полувреме, но тие сепак, дојдоа во водство во 52. минута преку Валери Гован. Бразил само 12 минути подоцна израмни преку Таиса, по што до крајот на регуларните 90 минути резултатот остана непроменет.

Четврт-финале, против шампионот САД или против Шпанија, за Франција донесе фудбалерката на европскиот шампион Лион, Амандин Анри во 107. минута од мечот.

Scroll to Top