Top Sport

Анри се чуди зошто Челси го купиле Лукаку

Тјери Анри е зачуден од одлуката на Челси да го вратат Ромелу Лукаку од Интер, откако „сагата“ околу белгискиот напаѓач продолжи со тоа што Томас Тухел не го вклучи во тимот за дуелот од ЛШ против Лил.

28-годишниот Лукаку се врати ова лето на „Стемфорд Бриџ“ за огромни 98 милиони фунти, но е успеа да ги оправда парите, а во саботата го имаше најлошиот меч оваа сезона, кога имаше само седум допири на топката во 90 минути. Легендата на Арсенал, Анри, кој имаше шанси да работи со Лукаку кога беше помошник-тренер во белгиската репрезентација, вели дека не знае како ќе се одвиваат работите во иднина.

„Од почетокот се прашував: ‘Како ќе се вклопи тој во овој тим?’ За Ром да се навикне на стилот на игра на Челси е потребно време. Дали е нормално да има седум допири по меч? Секако, не, без разлика дали му се допаѓаш на тренерот или не. Да бидам искрен, не знам како понатаму. Решението е тој да најде решение и да се адаптира. Тие сакаат да одат со пресинг, да бидат активни, а тој сака да седи во средината и тешко ќе оди понатаму. Но, од друга страна, зошто отидовте и го купивте?“, вели Анри.

Scroll to Top