Поранешниот напаѓач на Барселона, Тјери Анри имаше неколку интересни изјави за Реал Мадрид, велејќи дека тие не се фаворити за титулата од Лигата на шампионите против Ливерпул.
Легендата на Арсенал беше во Барселона од 2007 до 2010,и во 80 меча постигна 35 голови, така што добро ја знае страста која ги разделува фановите на Барса и на Реал Мадрид.
„Сите европски клубови се плашат од Реал Мадрид, но Мадри се плаши од Барселона. Лично, мислам дека Ливерпул ќе ја освои титулата од ЛШ бидејќи се посилни“, вели Анри.
И покрај ова, тој вели дека неговиот сонародник Карим Бензема е прв фаворит за „Златната топка“.
„Мислам дека Бензема е во предност пред Садио Мане, но ако Мане побеи со Ливерпул и тие стигнат до четирикратна титула, тогаш ќе биде интересно. Но, би се обложил на Карим“, објаснува Анри.