Top Sport

Анри: Сопрете го гласањето, дајте му ја „Златната топка“ на Бензема

Тјери Анри смета дека е бесцелно да се гласа за тоа кој треба оваа сезона да ја добие „Златната топка“, посочувајќи го својот француски сонародник Карим Бензема како јасен фаворит по освојувањето на 14. титула од ЛШ за Реал Мадрид.

Бензема беше еден од осумте фудбалери на Мадрид кој го израмни рекордот на Кристијано Роналдо од пет титули од Лигата на шампионите, и иако не постигна гол во финалето, има 15 гола во 12 настапи оваа сезона.

„Би сакал да им порачам нешто на ‘Франс фудбал’ или на тие кои гласаат. Сопрете го гласањето, Бензема победи. Чао“, изјави Анри.

И францускиот селектор Дидие Дешам нема дилема.

„Одговорот е едноствен: ДА! Оваа титула и сите работи кои ги оствари оваа сезона со својот тим, неговите клучни моменти. Секако и досега беше фаворит, но сега е јасно“, изјави Дешам.

Самиот 34-годишен Бензема вели дека не можел да направи повеќе оваа сезона, но посочи дека и без „Златна топка“ би се чувствувал добро.

„Завршив со мојата сезона, сега одам со репрезентацијата. На клупско ниво не можев да бидам подобар. Ќе видиме што ќе се случи, но горд сум на моите постигнувања“, изјави Бензема.

Scroll to Top