Легендата на Арсенал, Тјери Анри инсистира дека основачот на „Спотифај“, шведскиот милијардер Даниел Ек останува заинтересиран за преземање на „топчиите“ и покрај тоа што неговата понуда од 1.8 милијарди фунти беше одбиена од американското семејство Кренке оваа година.
Анри беше на трибините на „Емирати“ на севернолондонското дерби (кое Арсенал го доби со 3:1), и тоа во друштво на Ек, откако претходно оваа година тој беше еден од поранешните фудбалери на клубот, заедно со Патрик Виера, кој го поддржија во обидот да го преземе клубот од Кренке.
„Да се стигне до таму, потребно е некој од другата страна да одговори. Ние и тој сме тука, не одиме никаде. Во моментов нема дијалог. Мислам дека ќе биде долго чекање, но ние не се откажуваме“, вели Анри.
Ек претходно изјави дека од Кренке добиле порака дека на нивното семејство не им се поребни пари, но според „Мирор“, се работи само да се постигне посакуваната цена.