Top Sport

АПОЕЛ го одби Каче поради УЧК, на Панатинаикос тоа не им пречи

Албанскиот репрезентативец Ергис Каче последниот ден од зимскиот преоден рок замина од ПАОК во Панатинаикос како позајмен играч, откако кипарскиот клуб АПОЕЛ се повлече поради негова фотографија со симболи на УЧК.

Дел од навивачите на АПОЕЛ Никозија се побунија на плановите на клубот да потпишат со 24-годишниот играч од средниот ред, но тоа очигледно не му пречеше на повеќекратниот грчки шампион да му даде шанса на фудбалерот.

Каче настапуваше како позајмен играч за чешкиот Викторија Плзењ, а ПАОК објави дека Панатинаикос ќе има опција да го купи во летниот преоден рок.

Scroll to Top