Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа му порача на својот поранешен тим да му даде договор на Матео Меси, откако неговиот татко Лео призна дека тој ги прославува головите на лутите ривали од Мадрид.
Меси во интервју со аргентинскиот „ТиЦ спорт“ откри дека неговиот син постојано ги прославува головите на Реал Мадрид, и дека му кажувал на татко му дека навива за Ливерпул и Валенсија, двата клуба кои ја елиминираа Барселона во Лигата на шампионите, односно во финалето на Копа дел реј.
„Тијаго не пропушта меч, додека Матео многу го сака фудбалот. Игравме дома со Матео и тој ми велеше: ’Јас сум Ливерпул, кои те победија. Јас сум Валенсија’. Кога гледаме фудбал, тој ги прославува головите на Мадрид за да ме нервира мене и неговиот брат. Тој е навивач на Мадрид“, откри Меси.
Коментарите го предизвикаа Арбелоа, кој освои две титули од ЛШ со Реал, да побара потпис за малиот Меси.
„Дајте му договор на Матео“, напиша Арбелоа на Твитер.
¡Hay que ficharlo! ????????? https://t.co/J3jWQdKMip
— Álvaro Arbeloa (@aarbeloa17) June 5, 2019