Top Sport

Арда Туран со закана до новинар: Ќе ти ја смачкам главата!

Поранешниот играч од средниот ред на Атлетико Мадрид и Барселона, Арда Туран не реагираше најдобро за прашањата на новинарите околу неговата нова сопруга, заканувајќи се дека ќе му ја „смачка главата и очите“.

31-годишниот Туран во јануари се врати во Башакшехир од Истанбул, а на 12 март се ожени со Аслихан Доган. Во саботата, тој, сопругата, неговиот брат Окан Туран и неговата партнерка беаеше на вечера во квартот Нисантачи, но вечерата заврши лошо, откако при заминувањето до ресторанот беа опкружени со новинари и фотографи.

Откако еден од нив ја праша зошто имале „едноставна свадба“ и дали и се остварени очекувањата, Доган одговори со покажување на устата за да го замолчи, а новинарот ја праша: „Зарем Арда ти забрани да зборуваш?“.

Ова беше доволно да го налути Туран.

„Почитувај не, бидејќи ќе ти ја скршам главата и очите! Зборуваш со мојата сопруга“, велеше лутиот Туран, пред  да замине со такси.

Scroll to Top