Top Sport

Арда заминува од Барса во јануари

Агентот на турскиот фудбалер Арда Туран потврди дека тој ќе замине од Барселона во јануари, со можен трансфер во тим од Премиер лигата.

Играчот од средниот ред нема ниту еден настап во Ла лига оваа сезона, и шпекулациите тврдеа дека ќе биде дел од „мини-чистката“ во Барселона, со која Ернесто Валверде сака да го скрати тимот пред да размислува за засилувања.

Агентот на Туран, Ахмет Булут вели дека не знае кај ќе заврши тој, но отфрли можност за кам-бек во Галатасарај.

„Засега не е јасно каде ќе оди Арда, но сигурно заминува од Барселона. Разговараме со три-четири тима од Шпанија, Италија и Англија. За петнаесетина дена ќе донесеме одлука, но не разговараме со Галатасарај“, вели Булут.

Арсенал долго време се заинтересирани за играчот, а последните шпекулации велат дека тој би можел да биде дел од договорот за продажба на Месут Озил.

Scroll to Top