Top Sport

Аргентина без Меси, Агуеро, Игуаин… Икарди вратен во тимот

Фудбалската репрезентација на Аргентина, по дебаклот на Светското првенство во Русија, наредниот месец ќе го започне новиот четири годишен циклус.

Аргентинците ќе одиграат пријателски натпревари против Гватемала на 7. и Колумбија на 11.септември.

Вршителот на должноста, селектор на националниот тим, Лионел Скалони објави список со 29 имиња за овие две средби. На списокот го нема Лионел Меси, кој до крајот на годината нема да игра за репрезентацијата.

Исто така, Скалони не ги повика Анхел Ди Марија, Гонзало Игуаин, Маркос Рохо, Николас Отаменди и Серхио Агуеро, додека Хавиер Масчерано и Лукас Билја се повлекоа од репрезентацијата.

Скалони го повика Мауро Икарди од Интер, кој не играше во Русија. Тој заедно со соиграчот Лаутаро Мартинез ќе го предводат нападот на „гаучосите“.

Scroll to Top