Фудбалската репрезентација на Аргентина го декласираше Еквадор во пријателски натпревар со 6:1. Аргентинците и овој натпревар, како и претходниот го играа без својот најдобар играл Лионел Меси.
Аргентинците сите дилеми околу победникот ги решија во периодот од 20 до 32 минута кога постигнаа три гола.
Аларио го постигна првиот, потоа Еспиноза го совлада својот голман, а третиот гол е дело на Леандро Паредес од пенал.
Еквадорците постигнаа гол на почетокот на вториот дел преку Делгадо мене, на што Аргентинците возвратија со нови три гола.
Пезела погоди во 66 минута, Домингез се запиша меѓу стрелците во 82, а точка на мечот стави Окампос во 86 минута.