Top Sport

Аргентина ќе збудали од селекторот Сампаоли

Аргентина и Хрватска за три дена ќе играат во рамките на второто коло на светското првенство во Русија. Овој дуел, по киксот на Аргентина, може да биде исклучително важен за конечниот расплет во Д-групата.

На Аргентина и е потребна победа, а Хрватите веројатно би биле задоволни и со еден бод.

Јасно е дека селекторот Хорхе Сампаоли и фудбалерите се под голем притисок, поради ремито со исланд, но и поради фактот што Хрватска рутински ја победи Нигерија.

Јавноста во Аргентина му е лута на селекторот, најмногу поради тоа што во тимот нема место за двајцата играчи на Јувентус, Паоло Дибала и Гонзало Игуаин.

Селекторот уште повеќе о навлекол гневот на фановите и јавноста, откако некои медиуми го објавија составот за мечот против Хрватска.

Според шпекулациите Сампаоли ќе пресели тројца играчи на клупата, од тимот што го започна дуелот со Исланд. Тоа се Лукас Билја, Едуардо Салвио и Анхел Ди Марија. Се шпекулира дека нови играчи во тимот ќе бидат Габриел Меркадо, Џовани Ло Селсо и Кристијан Павон.

Наводно со овое тројца топката „гаучосите“ би требало многу побрзо да ја движат топката, особено во нападот.

Составот на Аргентина за мечот со Хрватска:

Кабаљеро – Меркадо, Отаменди, Рохо, Талјафико – Масчерано, Ло Селсо, Меза – Меси, Павон, Агуеро.

Scroll to Top